Ден

Користите ли третман за околу очи? Ова е правилниот начин на нанесување

Кожата околу очите е нежна и деликатна, па затоа за неа треба да се користат производи за таа намена, но и вие треба да бидете внимателни и правилно да ги нанесувате.

За кремата да има целосен ефект, следете ги овие совети:

1. Олабавете ја раката

Нанесувајте од внатре кон надвор со нежни движења, без притискање. Употребувајте ги лежерно врвовите на прстите. Експертите препорачуваат да го користите домалиот прст, бидејќи има најслаба мускулатура и сигурно нема да придонесе за грубо мачкање.

2. Нанесувајте дисциплинирано

Основно правило е дека производите за нега се нанесуваат од најлесен па до најгуст. Така, ако вашата крема за очи има воденеста или ретка гелна текстура, нанесете ја заедно со серумот, но ако има густа текстура, слична како на обичниот крем за лице, нанесете дури откако ќе го намачкате целото лице.

3. Нанесете толку колку што е потребно

На упатството за употреба е наведено колкава количина е потребна од препаратот. Ако нанесете помалку, може да остане без ефект, а пак поголемата количина не значи дека ќе се зголеми ефектот на кремата.

4. Внимателно со аглите на очите

Внимавајте секогаш да имате намачкано доволно крема на надворешниот агол на окото, кој е подложен на брчки. За внатрешниот пак, нанесувајте мала количина, за да избегнете иритација на солзните жлезди. Избирајте офталмолошки тестирани формули.

5. Користете ги изладени

Козметичките производи за околу очи најдобар ефект даваат кога се ладни, па затоа доколку производителот навел дека може и треба да се чува на ниска температура, правете го тоа. Некои креми може да ги чувате и во фрижидер, особено оние за намалување на утринските отоци околу очите. Секако, доколку не е наведено да се чува на ниска температура, чувајте го како и сите други креми.

Поврзано

Ако пиевте антибиотик, ова е вистинскиот начин да го прочистите вашето тело

Elena

Хороскопски знаци кои љубовта нема да ги промени никогаш

Elena

Украина нема да може да организира Евровизија догодина, еве која држава може да го направи тоа

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com