Уставните судии ја отфрлија иницијативата за разрешување на Фадил Зендели од БЕСА од член на Комисијата за избори и именување која ја поднесе Левица.
Од таму велат, одлуката нема карактер на пропис и не може да биде предмет на уставно-судска оцена.
Судиите образложуваат дека од содржината на оспорената одлука произлегува дека со неа се врши конкретно разрешување на Фадил Зендели од член на Комисијата за избори и именувања, што според нив, претставува одлука што по својата содржина е поединечен акт, а не пропис и не може да подлежи на оценка нејзината уставност.
Владејачкото мнозинство го разреши Фадил Зендели на собраниска седница, откако БЕСА замина во опозиција, која пак со него имаше мнозинство во Комисијата.