Пејачката Дара Бубамара нападнала маж на аеродромот во Белград. Таа се изнервирала поради инцидент во сообраќајот.
Човекот кога ја видел на аеродромот ѝ порачал следен пат да пази како вози, што многу ја изнервирало познатата пејачка. Затоа и таа го нападнала, го гребела и го удирала со патната торба. Морала да интервенира и полицијата.
За српските медиуми Дара потврдила дека имало ваков инцидент, но се обидела да се оправда дека го направила тоа бидејќи нападнатиот ги опцул нејзините родители, кои не се веќе живи.