Ден

Собранието нема имотен лист ниту за зградата, ниту за земјиштето

Собранието нема имотен лист во кој е утврдено правото на сопственост или на користење, како на земјиштето, така и на објектот во кој е сместено, се нотира во извештајот за Законодавниот дом на Државниот завод за ревизија.

„За градежниот објект, во кој Собранието е сместено и ги извршува тековните активности, евидентиран во сметководствената евиденција на износ од 1.590.565 илјади денари, Собранието располага со имотен лист согласно кој објектот е сопственост на РСМ и не е извршено запишување на правото на сопственост или користење во Агенцијата за катастар на недвижности. Во текот на ревизијата преземени се активности и наведениот објект е евидентиран во вонбилансната евиденција. За земјиштето под градежниот објект, евидентиран во вонбилансната евиденција во износ од 501.588 илјади денари, Собранието располага со имотен лист согласно кој е запишано правото на сопственост на РСМ, додека не е запишано правото на сопственост или користење на Собранието“, стои во извештајот.

Ревизорите побарале од Собранието, одговорното лице да продолжи со отпочнатите активности за запишување на правото на сопственост или користење на имотот во Агенцијата за катастар на недвижности.

Цел на ревизијата, според Државниот завод за ревизија, е дали финансиските извештаи се ослободени од материјално погрешни прикажувања и дали активностите, финансиските трансакции и информациите во истите се во согласност со законската регулатива.

Поврзано

Невремето и неодржувањето причина за паѓањето на таванот, смета Јакимовски

Elena

Вучиќ: Не сум сигурен дека ќе се најде решение за Македонија

admin

Со 68 гласови ЗА, без против: Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com