Шестмина од осомничените за случајот за незаконски купување и продавање парцели преку ЕВН за фотоволтична централа, одлучи судија на претходна постапка. Меѓу притворените се и двајца поранешни управители на фирмата, Мирослав Митровски и Игор Гиевски. За последната од седумте осомничени, судијата одредил мерка одземање на пасош и забрана за напуштање на домот.
Овие одлуки доаѓаат откако финансика полиција поднесе кривична пријава, а скопското обвинителство ја прифати и отвори истрага. Според обвинителството, во текот на 2021 година, првоосомничениот и второосомничениот, во својство на управители – одговорни лица во правно лице, заеднички, со намера за друг да прибават противправна имотна корист, ги довеле во заблуда членовите на управниот одбор на оштетено правно лице, а потоа и овластеното лице во правното лице да извршат незаконита исплата.
- За целиот случај, прочитајте: Вработени во ЕВН „распродавале“ земјиште за фотоволтаици, обвинителството бара притвор за сите