Ден

А1 и Телеком со речиси идентичен број на активни корисници, растат и помалите оператори

А1 Македонија и Македонски Телеком го поделија пазарот, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации од последниот квартал во 2021 година. Сепак, зголемување на активни корисници бележат сите, освен Телеком, кој со А1 има разлика од само 0.16 отсто од пазарот.

Во последниот квартал, пораснала бројката и кај Лајка и Телекабел. Сепак, иако зголемен број на корисници, Лајка „паднала“ во приходниот дел – Од 0.47% удел од малопродажба во третиот квартал, во четвртиот квартал има удел од 0.41%. Пад бележи и Телеком, од 50,86% во јули, август и септември, на 49,56% во октомври, ноември и декември. А1 има раст од 1 отсто, додека пак незначителен раст од 0.03 отсто има Телекабел. Граѓаните пак, одбрале да го користат и Грин Мобајл, прилепскиот оператор кој тивко се пласира во јавноста.

Најголемите оператори – Телеком и А1 бележат пад од по речиси 1 процент во уделот во вкупниот број на активни СИМ картички, иако според уделот на операторите според приходи остварени од активните СИМ картички, А1 има направено голем скок, од 43, 26% во третиот, на 50,50% во четвртиот квартал. Телеком пак, бележи пад. Ако во третиот квартал во овој удел имал 56,74%, во последниот квартал од минатата година, паднал на 49,50%.

Во меѓувреме, А1 Македонија, Македонски Телеком и Неотел до АЕК доставиле писма за искажување интерес на објавената намера за спроведување постапка на јавен тендер со јавно нададавање за 5Г мрежата, откако на 6 април, АЕК објави намера за спроведување постапка за тендерот, а јавната расправа за таа намена траеше до 13-ти мај.

„По завршувањето на јавната расправа до АЕК пристигнаа Писма за искажување интерес од следниве заинтересирани страни: Неотел-за Одобренија: В41, В44, В45 и В46, А1 Македонија- за Одобренија: А3 и В2 и Македонски Телеком-за Одобренија: А2 и В3. Во прилог на Писмата за искажување на интерес, заинтересираните страни доставија и предлози и коментари по однос на јавната расправа за Намерата“, објавија од АЕК.

Број на активни претплатници во мобилна телефонија заклучно со крајот на 2021 година изнесуваше 1.941.352. Последната анкета на АЕК покажува дека најголем дел од корисниците на мобилната телефонија или 96,3 проценти имаат паметни телефони, додека мобилен интернет користат 91,6 проценти. Три четвртини од корисниците користат апликации за гледање видео клипови или филмови, додека приближно 99 проценти или речиси сите корисници кои користат мобилен интернет, користат апликации за комуникација. Најчесто користени апликации за комуникација се Viber (97 проценти од корисниците) и Facebook Messenger (96 проценти од корисниците).

Поврзано

Вработени во ЕВН „распродавале“ земјиште за фотоволтаици, обвинителството бара притвор за сите

Elena

Анкара: Турција интензивно соработува со Москва и Киев за извозот на жито

admin

Констатирани недостатоци во изградбата на градинката „Мајски цвет“

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com