Ден

Мицкоски: Интерпелација за Џафери следната недела, немам илузија дека ќе помине

Идната недела ќе се поднесе интерпелацијата за претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Сепак, тој вели дека не очекува истата да помине во Законодавниот дом.

„Се надевам дека нема повторно да ги изигруваат процедурите во Парламентот и ќе ја стават точката на дневен ред и ќе можеме да зборуваме малку поотворено за тоа што се случуваше тој ден кога беа брутално навредени вработените во Парламентот. Немаме илузија дека таа ќе помине бидејќи таму има 61 послушник на власта кои заради свои лични привилегии ќе го бранат Џафери, но добро е да се види како се препелка СДСМ и помалите коалициски партнери кои се уште не гукнаа за законот за една изборна единица, а еве веќе е мај“, рече Мицкоски.

Очекува политичка и општествена поддршка за протестот најавен за 18 јуни, од сите кои мислат дека владата на СДСМ и ДУИ ја носат државата во погрешна насока.

„Повикани се сите, ја користам оваа прилика сите граѓани, политички партии и општествени субјекти коишто чувствуваат дека државата оди во погрешна насока да излезат и да ни се придружат“, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека повикува на средба, која сега не ја условува со конкретна тема – датум за предвремени избори, туку смета дека треба да се зборува и за други теми важни за државата.

„Што можам да направам, 17 пати го повикувам да разговараме. Не условувам, но една од темите е и предвремени избори. Веројатно, имам право да барам што да биде дневен ред, не сум човек што оди на состанок и да зборуваме за апстрактни работи. Велам: Дајте да зборуваме за актуелната политичка состојба, за преговорите со Бугарија, за економијата, енергетската криза, здравство, образование, за предвремени избори. Не сака. Со сила не можам“, изјави Мицкоски.

Лидерот на опозицијата вели, предвремени избори треба да има затоа што според теренската партиска анкета за мај, повеќе од 67 проценти испитаници кажале дека државата оди во погрешна насока, а над 75 отсто дека Владата треба да поднесе оставка.

Поврзано

Посебен режим на сообраќај во Скопје за време на Парадата на гордоста

Elena

Ограничени маржи на основните прехранбени производи: До кога ќе важи оваа одлука?

Elena

Маск: Вработувањето ширум светот треба да паузира

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com