Пејачката Сека Алексиќ почнала да настапува на само 14 години. Оттогаш таа е барана и популарна. Пејачката никогаш не крие детали од својот личен живот, а некои од нив се навистина застрашувачки.
За себе вели дека секогаш може да разговара со сите и ќе најде заеднички теми и со проститутките и со оние кои во недела одат на литургија.
Во една емисија, таа откри непознати детали од нејзината поп кариера, а во таа прилика раскажа за страшното искуство кое го доживеала додека пеела во кафуле.
– Поминав низ многу во животот. Пеам од 14 години и од 14 сум во кафана, а сега имам 41. Луѓето ги делам само на добри и лоши. Поминав низ многу. Од тоа што некој пукал, што ми помина куршум покрај глава, до тоа што не малтретираа по кафаните да играме до 5 сабајле, а требало да завршиме во 1 часот. Мислам дека на тоа што сум денес – вели Сека.