Ден

Вучиќ: Македонците одат до Врање и Лесковац за да купат поевтина храна

Имаме доволно храна. Луѓето од околните земји доаѓаат и купуваат она што е многу поевтино кај нас, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ во денешната обиколка на складиштето за стокови резерви на Србија. Вели, Македонците одат до Врање и Лесковац за да купуваат поевтини производи.

„Купуваат сите од соседството. Од Македонија одат до Врање, па дури и Лесковац. Луѓето купуваат се што е поевтино кај нас. Затоа секогаш велам дека е важно да водиме сметка за целиот регион, затоа што луѓето сакаат да купат поевтина и сигурна роба, за да заштедат некој денар. Но, не се тие виновни за тоа, повеќе имаше наши, домашни шпекулации, но гледате, за три дена тоа го завршивме“, вели Вучиќ.

За вестите дека нема шеќер, Вучиќ вели дека бил во обиколка самиот и го известил министерот дека резерви имало секаде, освен во неколку маркети. Вели, што се однесува до храната, Србија нема проблеми. Според него, неговата држава има огромни количини резерви.

„Дадовме многу пари да ја купиме оваа роба, да избегнеме притисок и граѓаните да знаат дека како домаќинска држава, се грижиме за нив. Има секаков вид на резерви, дури и лекови. Мора да размислиме, да гледаме во иднината“, рече Вучиќ.

Поврзано

Ковачевски на средба со европските социјалдемократи зборувал за ситуацијата во Украина

admin

Приведен скопјанец, се сомничи за неовластено држење и тргување со оружје

admin

Двајца гинеколози од Битола запоставиле родилка: Задоцниле со царскиот рез дури пет часа

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com