Ден

Лозово ќе помогне финансиски само на семејство во чиј дом падна дрво, штета досега никој не пријавил

Уште нема процена на штетата од силното невреме кое пред три дена ги зафати Милино, Сарамзалино, Дурфулија и Аџиматово – села во Општина Лозово. Градоначалникот Бошко Цветковски во изјава за Ден вели, во општината досега никој не се пријавил за отшета. Наместо најавената комисија до која граѓаните ќе треба да пријавуваат штети, Цветковски сега вели, имало лице поставено за да ги прими граѓаните кои ќе пријавуваат, но досега, тоа никој не го сторил.

„Парично ќе помогнеме на семејството Ивановски од Сарамзалино, врз чиј кров падна дрво. Луѓето имаа буквално дрво во двневната. Досега никој во општината нема пријавено, ако се јават, ќе излеземе на терен, но тоа потоа оди преку Дирекцијата за заштита и спасување, да се види дали државата може да помогне. Ние би сакале да им помогнеме на сите граѓани, но општината ја наследивме со многу долгови“, вели градоначалникот Цветковски за Ден.

Она што можеше да се види во селата по невремето, беа блокирани патишта, паднати дрвја и натстрешници, а поради заплеткани жици, дел до селата неколку часа беа без струја. Штета има и во еден магацински простор на поранешен ЗИК Џумајлија, каде настрешница паднала на регионалниот пат и го блокирала.

Цветковски вели, граѓаните осигуруваат куќи и насади поради тоа што во минатото не им се исплаќало за штетите. Обвини и дека во последните три до четири години, имало бројни оштетени насади, а граѓаните сè уште чекале да бидат обештетени.

И додека се санираат проблемите од ова, вчера врнежите од град, повторно уништија огромен број на насади. Според градоначалникот, уништени се жита, тутуни, лозја, овоштарници, пластеници, но и возила.

Поврзано

Борел: Една земја го блокира цел процес на проширување, не можеме да продолжиме

admin

Грција бара од ЕУ веднаш да почнат пристапните преговори со Македонија

admin

Мицкоски тврди дека имало обид да биде убиен, интервенираше МВР

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com