Ден

Седум лица уапсени, полицијата им нашла дрога

Полицијата синоќа приведе седум лица поради поседување на дрога при извршена контрола на посетители на концерт во објект на подрачјето на Карпош и во два угостителски објекта во Скопје.

„Кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Косово биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронадена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја. Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во Полициска станица Центар, пак, е приведен С.Г.(24) од Свети Николе, а во Полициска станица Аеродром приведен е И.Х.(20) од Скопје, затоа што при извршена контрола во угостителски објекти кај нив била пронајдена прашкаста материја. И против овие лица ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Поврзано

СДСМ Кратово поднесе барање за надомест на штета на угостителските објекти кои треба да ги отстранат платформите

admin

Абрахам: Шолц да ја притисне Бугарија за да се тргне ветото

admin

По подолго време поевтинуваат горивата

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com