Пожар изби во поранешниот индустриски објект „Македонија Табак“ во Тетово. Според првичните информации, пожарот избил во магацинот на фабриката.
Пожарникарите веќе половина час се борат со огнената стихија.
Засега нема информации за евентуални жртви, ниту пак за настанатата материјална штета.
Повеќе информации се очекуваат наскоро.