За 900 милиони долари, Украинците „Калуш Оркестра“ го продадоа евровизискиот трофеј. Со парите, тие ќе купат летала-дронови за украинската војска.
Продажбата се совпадна со гостување на украинските музичари на хуманитарен концерт во Берлин, на кој се собираа пари за медицински средства и хуманитарна помош.
Младите момци, кои всушност беа второ место на националниот избор, добија шанса да ја претставуваат Украина само неколку дена пред да започнат руските напади. Иако првично песната беше посветена на мајката на фронтменот Олег, која се вика Стефанија, поради сегашната состојба, таа ги воспева сите украински мајки.
Победниците станаа вирални во само два дена, пред воопшто да се случи конфликтот. Нивната победа беше извесна, иако голем дел од јавноста смета дека добивале „гласови поради сожалување“.
Организаторот на Евросонг направи исклучок и им дозволи на „Калуш“ да го продадат трофејот, за да можат да ѝ помогнат на војската. На аукција се продаваше и розовата капа, која ја носи фронтменот.