Посетител на Лувр, маскиран како жена инвалид, фрлил торта кон познатата Мона Лиза, дело на Леонардо да Винчи.
Популарната слика е заштитена со стакло, токму за да се заштити од вакви инциденти.
Според очевидци, мажот носел перика и бил во инвалидска количка кога наеднаш станал и се доближил до сликата, и фрлил торта врз неа, оставајќи ги во чудење посетителите на музејот, објави „Тајм“.
– Помислете на Земјата. Има луѓе кои ја уништуваат Земјата. Размислете за тоа. Уметници, ви велам. Помислете на Земјата. Затоа го направив ова. Помислете на планетата – вели овој активист во видеото каде седи во инвалидска количка покрај членовите на музејското обезбедување.
Лувр не го коментираше инцидентот, а телевизискиот канал јавува дека вработените во музејот го измиле армираното стакло и дека сликата не е оштетена.