Ден

Неделен хороскоп: Што имаат ѕвездите да ви кажат?

Овен

Избегнувајте тешки дилеми во партнерските односи. Не решавајте големи проблеми. Почекајте ја наредната недела за тоа. Овните во врска или во брак ќе имаат недоразбирања околу планирањето на финансиите. Слободните можат да сметаат на нови авантури.
На работа, соберете сила да ги остварите сите цели кои ги имате зацртано. Не влегувајте во нови договори и работни понуди.
Овој период е поволен да започнете со подобра исхрана. Тоа ќе ви ги реши и голем дел од здравствените проблеми.

Бик

Оваа недела ви носи нови авантури. Се чувствувате навистина атрактивно. Емоциите ве водат, па може да ви биде малку напорно, особено ако сте во врска. Ако сте сингл, не брзајте да влегувате во нови односи.
На работа, ќе имате предизвикувачка недела. Се ќе се случува пребрзо, но обидете се да не земате ништо при срце.
Овој период јадете повеќе свежо овошје. Тоа ќе ви помогне да ја обновите енергијата по долгиот замор.

Близнаци

Ви препорачуваме да ги расчистите грешките од претходниот период, бидејќи сето тоа може да влијае негативно на новите партнерски односи. Обидете се оваа недела да не навлегувате во ризични авантури. Ако сте во врска, минете повеќе време со партнерот.
Работата нема да ви оди лесно, а најмногу поради тоа што самите ќе си поставувате бариери. Обидете се да не брзате. Направете листа на приоритети, за да избегнете критии од претпоставените.
Направете детокс на организмот. Овој период може да биде предизвикувачки за Близнаците со хронични заболувања.

Рак

Сингл Раковите ќе уживаат во дружења, па дури и нови авантури. Оние кои се во врска, треба да имаат разбирање ако нивниот партнер има многу други обврски. Комуникацијата може да биде малку во застој, но сето тоа ќе заврши при крајот на неделата.
На работа ви оди навистина добро, но тоа не значи дека треба да ги игнорирате понудите кои ги добивате. Којзнае, можеби и треба да направите промена, за да престанат грешките кои ги правите.
Оваа недела обидете се самите да си готвите храна и да експериментирате со вкусовите. Ова ќе влијае добро и врз вашето ментално здравје.

Лав

Односите со партнерот се релативно добри, а такви и ќе останат доколку не будите стари конфликти. Некогаш за некои теми не треба да се разговара, особено ако не се многу релевантни за вашиот однос. Слободните Лавови треба да се ослободат од товарот на минатото и да уживаат во сегашноста.
Неделава на Лавовите им носи интересни настани поврзани со кариерата. Нема да оди лесно, особено ако имате некакви навики, но ќе бидете мотивирани и ќе се извлечете на најлесен можен начин од предизвикот.
Јадете лесна храна. Ова ќе спречи да ви се појавуваат дигестивни тегоби.

Девица

Затегнатите односи со партнерот и понатаму се критични, но во секоја врска има и такви моменти. Едноставно, некогаш мора да ги решите личните проблеми, за да може подобро да функционирате заедно. Слободните може да наидат на нова емотивна прилика.
Фокусирани сте на работата и тоа ви одзема најмногу енергија. Останете организирани и фокусирани, бидејќи грешките кои ќе ги направите оваа недела, може скапо да ве чинат.
Избегнувајте конзервирана храна. Ако сте метеопати, ви посакуваме навистина храбро да се изборите со предизвиците во оваа недела.

Вага

Не се чувствувате доволно емотивно стабилни. Можни се конфликти со партнерот, но нема да биде ништо сериозно. Ако сте слободни, ќе имате многу прилики, но едноставно, нема да ви биде до тоа сите да ги искористите.
На работа, фокусирани сте на парите. Вложувате онолку труд колку сте платени и тоа е сосема очекувано за припадник на овој знак.
Уживајте во десертите, но не претерувајте многу со нив. Чувајте го својот респираторен систем здрав.

Скорпија

Влошена комуникација со партнерот. Теми од минатото ќе бидат извлечени повторно на површина. Можеби е добро да се браните со молчење, бидејќи се што ќе кажете ќе ве заглави уште подлабоко. Во овој период, посреќни се оние кои се сингл и немаат никаков емоционален товар со себе.
На работа пак, се оди совршено, без застои и проблеми, а добрите резултати се неизбежни. Можен е нов краткотраен ангажман.
Зголемете го внесот на зеленчук. Внесувајте и калциум, за да ги зајакнете коските.

Стрелец

Полни сте со позитивна енергија, без разлика дали сте сингл или во врска. Не сакате да влегувате во расправии, особено за ситници кои се минливи. Прекрасен период за сингл Стрелците, кои ги надминале емотивните односи од минатото.
Иако е поволен период и за работата, нема да сакате да ја вложувате целата енергија во документи и решавање важни прашања. Обидете се да не се нервирате поради тоа.
Здравјето ви е генрално добро, но треба да се чувате од физички повреди. Пијте повеќе течности.

Јарец

Состојбата не е сјајна, но сепак, не се обидувате да ја смените. Ако сте во врска, внимавајте на кои теми дискутирате со партнерот. Ако сте сингл, едноставно не се обидувајте да го смените тој статус неделава.
На работа ќе ви оди многу подобро околку во љубовта. Парите ве загрижуваат, но сепак ќе успеете одлично да ги изменаџирате сите тековни трошоци.
Јадете квалитетен појадок. Тоа ќе ви помогне да имате енергија во текот на целиот ден.

Водолија

Поволен период за уживање со партнерот. Обидете се да земете одмор во исто време. Комуницирајте, бидејќи недостатокот на комуникација води до проблеми. Ако сте слободни, обидете се навреме да расчистите со демоните од минатото, за да ја обновите вашата енергија.
На работа се нервирате од колегите кои се пребавни и поставуваат премногу прашања. Преферирате самите да ги завршите сите обврски, но ова многу ќе ве измори.
Внесувајте минерали и витамини и одмарајте се повеќе.

Риби

Оваа недела ќе ви биде предизвик на секое поле. Ќе ви се чини дека е најдобро да се откажете од се. Но, потоа ќе сфатите дека со тоа ништо не решавате. Слободните Риби можеби ќе обноват емотивен однос од минатот.
На работа ќе ги поправате грешките од претходниот период – и вашите и на колегите. Но, финансиите ќе бидат значајно подобри и тоа дополнително ќе ве мотивира.
Поведете сметка за исхраната, особено ако имате вишок килограми. Чувајте се од висок притисок.

Поврзано

Храна која ја сметаме за штетна, но нема потреба да ја исклучувате од исхраната

Elena

Откријте какви ќе бидете во староста, според вашиот хороскопски знак

Elena

Бугарскиот селектор поднесе оставка

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com