Авионот „Цесна“ кој исчезна од радарите, во близина на Сплит, е пронајден и за жал, судбината на сите патници е трагична.
Во авионот немало црна кутија. Со него патувале четири патници, заедно со екипажот.
Имаше 400 трагачи и тие ја завршија задачата и го пронајдоа леталото. Веднаш штом беше забележано од воздух, беа испратени копнени сили. За жал, беше потврдено дека сите патници на Цесна загинаа и во тек е полициска истрага .