Ден

Во Македонија се „голта“ дијазепам како да е бонбони

Денеска е 1-ви во месецот, што значи дека повторно се слободни квотите за издавање лекарства на рецепти. Утрово д-р Ненад лазаров објави дека само до 8.30 часот,  биле издадени над 1000 пакувања дијазепам, а бројката неколкукратно се зголемила до 11 часот.

Тој пред неколку месеци објави податок дека во 2020 година биле препишани 1.310.000 рецепти дијазепам, 300.000 повеќе од 2015 година.

Иако посочувањето дека „нема куќа без дијазепам“ звучи смешно, всушност воопшто не е, знаејќи во какви ситуации се зема дијазепам.

Дополнително, овој лек се дава и при други состојби, за смирување, најчесто при стомачни тегоби и висока температура.

Некогаш лекот се издаваше без рецепт, но поради честите злоупотреби, ФЗОМ го стави на листа на лекови за кои е задолжителен лекарски рецепт.

Поврзано

Владата ја одржа 50-тата седница

admin

Францускиот предлог утре пред пратениците, ќе им се обрати и претседателката на ЕК, фон дер Лајен

Elena

ВМРО-ДПМНЕ и натаму со блокада на Собранието, Милошовски вели дека предвидувањата се загрижувачки

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com