Ден

Заврши судењето на деценијата: Ова е пресудата во спорот меѓу Џони Деп и Амбер Херд

Поротата денеска соопшти дека донела пресуда за тужбата на Џони Деп за клевета против неговата поранешна сопруга, Амбер Херд, која сведочеше дека Деп физички и сексуално ја нападнал во неколку наврати.

Набргу откако поротниците рекоа дека донеле пресуда во судењето за клевета Џони Деп и Амбер Херд, судијата што претседаваше со случајот им рече да се вратат во собата на поротата и да завршат со пополнување на формуларот за пресудата, пренесува „CNN“.

Деп ја тужеше Херд за 50 милиони долари откако таа напиша есеј за Вашингтон пост во 2018 година во кој рече дека преживеала семејно насилство. Херд го тужеше Деп за 100 милиони долари.

Џони Деп не присуствува на носењето на пресудата, поради претходно закажани неодложни обврски.

Се чини дека драмата која Херд ја приреди во повеќе наврати во судницата не беше доволна за да ја убеди поротата дека таа е невина и жртва во овој случај, односно дека тврдењата во колумната се вистинити. Поротата ја донесе конечната одлука во корист на Деп.

На сите прашања поротата одговори со потврден одговор, односно поротата потврди дека Деп ја докажа клеветата и дека изјавите на Амбер се клеветнички против Џони Деп, но и дека Херд деувала злонамерно.

Одлуката на поротата е едногласна и Џони Деп е ослободен од сите тужби за што го обвинуваше Амбер Херд.

Поврзано

„Калцоне“ – една од најпрепорачаните пици во Италија

Elena

Арчи и Лилибет ја имаат „бојата“ на Хари – за инает на сите оние кои беа загрижени околу тоа

Elena

Колач со маскарпоне и богат вкус на кафе

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com