Ден

Кривични пријави за Рашковски и Зеќири, за 4 години исплатиле 2.5 милиони евра за ангажмани преку агенција за интелектуална сопственост

Државната комисија за спречување на корупција ќе поднесе кривични пријави против поранешните генерални секретари на Владата, Мухамед Зеќири и Драги Рашковски за злоупотреба на службената положба и овластување, а за договори со Агнецијата за интелектуална сопственост „Артпицк“. Според претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, во периодот од 2017 година до 2021 година, склучени се над 300 договори, а за поголемиот дел од договрите, позицијата не подразбирала креирање на авторско дело.

„Во период од 2017 до 2021 година, врз основа на договорите биле исплатени околу 2,5 милиони евра. Имало и повеќе од 40 барања од Генералниот секретаријат до Министерството за финансии за согласност за лица преку авторски договори, а на истиот датум биле барани средства за ангажирање на лица преку истите договори. ДКСК се увери дека од 2017 до 2021 година, од Генералниот секретаријат до „Артпицк“ се испратени преку 170 барања за склучување на договори со лица. Во Законот, експлицитно е наведено дека вршењето работни односи не е авторско дело. Ангажираните лица креирале работа која не подразбира креирање на авторско дело, ниту актинвости во насока на такво дело, туку дејствија на дневна основа. Мал дел се работни места кои можело да се квалификуваат како автоско дело, другото значело присуство на седници, правење записници и слично“, рече Ивановска.

Според неа, за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, во 2018 година биле ангажирани 119 лица преку договор за авторско дело и 25 преку приватна агенција за вработување, во 2019 година, имало 103 договори за авторско дело и 32 преку приватна агенција за вработување, во 2020 година 118 авторски договори и 36 преку приватна агенција за вработување и во 2021 година, 78 авторски договори и 18 преку агенција за приватни вработувања.

Членот на комисијата, Нури Бајрами вели, правниот аспект е јасен, затоа што целото постапување е рушење на системот.

„Тука се збори, претежно за авторски договори и договори на дело, а никаде ги нема во овие рамковни закони, целото постапување е нарушување на системот, самата влада и институции не ги почитувале законите. Договорот за дело го нема во јавниот сектор. Авторски договори – како може да се ангажира возач на министер со авторски договри? Дали сме селективни зошто не сме ги опфатиле сите, не е можно тоа. Не е можно да опфатиме над 1000 институции за да ги опфатиме сите“, вели тој.

За овој случај, петмина од членовите гласаа за, а единствен против беше членот Шемси Салаи, а со објаснување дека ова требало да помине со иницијативи за да се спречи ваквата појава во сите институции.

Поврзано

АНА-МПА: Албанската Влада поддржува ново обновување на Договорот за пријателство и соработка со Грција

admin

Без вода дел од корисниците од скопската населба Бутел

Elena

Предложен притвор за малолетникот кој со автомобил усмрти жена на „Пластичарска“

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com