Ден

Годинава ќе се пие поскапо пиво на Октоберфест

И пивото поскапува поради инфлацијата, што во Германија не било случај со деселетија… Па така, литарска кригла пиво на Октоберфест ќе чини меѓу 12,60 и 13,80 евра, соопшти локалната власт на Минхен.

Цените ќе бидат во просек за 15,77 отсто повисоки од претходниот Октоберфест, од 2019 година. Тогаш криглата чинеше меѓу 10,8 и 11,8 евра. Фестивалот не се одржуваше последниве две години поради пандемијата. Подобро ќе поминат посетителите кои ќе се одлучат за вода, којашто во просек ќе чини 9,67 евра за литар. Но и тоа е за 80 евроценти повеќе од 2019 година.

Градот Минхен посочува дека не одлучува за цените на пијалаците. Како организатори, оттаму само ги споредуваат цените што ги одредуваат угостителите со редовните цени на подрачјето на градот кои сега се од 6,70 до 11,20 евра за литар.

– Добро е што цените на пивото не надминаа 14 евра. Но, тие сѐ уште се доста високи. Во иднина, ќе мора да се погрижиме Октоберфест да остане подостапен, изјави директорот на Октоберфест, Клеменс Баумгертнер.

Инфлацијата, повисоките трошоци за работна сила и енергијата се главните причини за тоа што забавата на Октоберфест ќе поскапи, според домаќините.

Дополнително, повисоки ќе бидат и трошоците за поставување шатори, според Петер Инселкамер, претставник на угостителите.

Поврзано

Доаѓа летото: Ова се зеленчуци кои содржат најмногу вода

Elena

Храна која ја сметаме за штетна, но нема потреба да ја исклучувате од исхраната

Elena

Познатата водителка искрено за болеста: Секоја операција носи ризик, но мора да застанете пред непријателот

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com