Ден

Захарова за Трета светска војна: Дали можеби веќе почна?

Русија смета дека е неопходно да се почне разговор, не за тоа дали ќе почне Трета светска војна, туку како да се сопре, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, а пренесува руски ТАСС.

„Дали е можна Трета светска војна? Дали можеби веќе почна? Кои облици ќе ги има? Тоа се теми за кои сега многу луѓе зборуваат, но би било многу подобро да разговараме за тоа како да ја спречиме“, рече Захарова пред руските медиуми.

Таа вели, Москва со години укажувала на меѓународните закони и на тоа дека Обединетите нации треба да бидат „безбедносна брана“ против Трета светска војна.

„Откако после Втората светска војна се оформени како гаранција дека нема да дојде до Трета, тие на овој или оној начин ја извршуваа таа задача“, вели Захарова.

Според неа, Русија веќе три-четири години ја воочувала желбата на целиот Запад да ги укине меѓународните закони и да наметне владеење засновано на нивни правила.

„Тоа е многу опасно, затоа што подразбира диктатура на една група земји кои на тој начин се закануваат да ја поместат рамнотежата во светот и да оневозможат на други земји да работат за своите интереси. Секоја земја има право на суверена надворешна и внатрешна политика, на одбрана на своите интереси, на развој на својата економија и заштита на човековите права“, истакнува Захарова.

Вели, Русија се обидела на секој начин да ја предупреди глобалната заедница и да укаже дека не е можна диктатура на една групација, бидејќи тоа би имало погубни последици.

Поврзано

Големи штети од невремето во Неготино

Elena

Либан бара САД да посредува за ставање крај на поморскиот спор со Израел

admin

Реализирана акцијата ,,За поубаво Пехчево”

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com