Ден

Корисни трикови за полесно отстранување на несаканите влакна со брич

Летото е време од годината кога сакаме да шетаме во фустани и шорцеви, па поради тоа потребно е редовно отстранување на влакната на нозете. Иако депилацијата е најпрактична за таа намена, постојат девојки и жени со пречувствителна кожа, за кои бричењето е најлесен избор.

Ако сте од оние на кои влакната пребрзо им растат, бричењето треба да го практикувате што почесто. Затоа не е ни чудно ако ви е здодевна оваа активност и ако некогаш носите долги фармерки дури и кога надвор е претопло. Прочитајте ги следниве совети и трикови и олеснете си го отстранувањето на влакненцата, но и задржете ја мазноста што подолго.

Топла купка

Пред да посегнете по бричот, потопете ги нозете во топла купка 10-15 минути, за кожата да омекне и да се отворат порите. На тој начин полесно ќе можете да ги бричете веднаш до коренот.

Пена или гел за бричење

Користете специјално наменети производи за бричење, наместо обична сапуница. Откако сте ги држеле нозете во топла купка, нанесете од производот. На овој начин кожата останува хидратирана и се намалува ризикот од исеченици. Овие средства често содржат и состојки кои ја смируваат иритираната кожа.

Пилинг

Заедно со топлата купка, добро е да практикувате и пилинг. Така ќе бидете сигурни дека се отстранети сите мртви површински клетки на кожата, кои можат да пречат за време на бричењето. Можете да нанесете и само сол на влажни нозе, да ги измасирате со кружни движења и да измиете.

Спротивно на растот

Во однос на правецот на бричење, најдобро е да бричете во спротивниот правец од растот на влакната, бидејќи така најлесно му се доближувате на коренот. На овој начин ќе добиете подолготраен резултат отколку ако ги бричете во правецот на растењето.

Поврзано

Издаден огноотпорен примерок од контроверзната „Приказна на слугинката“

Elena

Ретрограден Меркур замина, но Сатурн нема да нè остави на мира следниот период

Elena

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com