Ден

Мицкоски: Следува протестно лето со цел предвремени парламентарни избори

Пред нас се предвремени парламентарни избори на кои ќе ја бараме довербата на граѓаните и на кои ќе покажеме дека не сме сите исти, иако некои водат кампања дека сите политичари биле исти, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Битола.

Тој рече дека на 18 јуни ќе одржат протест пред Владата, по што ќе следува протестно лето со цел да има предвремени парламентарни избори.

– Премиерот изјави дека сѐ што направиле во овие 4 месеци е повеќе отколку во изминатите 4 години. Изјавата на премиерот не ја чувствуваат граѓаните и сѐ што граѓаните не чувствуваат тогаш кажаното е манипулација и лага. Ако премиерот сака да биде реален треба да каже дека имаме рекордна инфлација, дека сме на дното според странски и домашни инвестиции, дека капитулиравме пред енергетската криза, дека сме во фаза на капитулирање пред економската криза и дека нема перспектива затоа што се разурнати сите национални позиции, а граѓаните живеат тешко и едвај врзуваат крај со крај, од први до први. Тоа е реалноста со која треба да се излезе пред граѓаните, а не да се даваат лажни изјави – истакна Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ги поддржува работниците, но не и синдикалниот лидер на ССМ и предочи дека политичката партија ДУИ не треба да организира скапи прослави во време на криза.

– Ние секогаш поддржуваме работнички права и сме пријатели на работниците. А, омилениот синдикален лидер на власта прави ситни егзибиции со што го манипулира малото членство што сѐ уште го поддржува. Ние не го поддржуваме омилениот синдикален лидер на власта, но ги поддржуваме работничките права и работниците имаат пријател во ВМРО-ДПМНЕ – истакна Мицкоски и додаде дека партијата ДУИ не треба да организира прослави во време на беспарица.

ДУИ, посочи тој, функционира како длабока држава и додаде: „Затоа бараме предвремени парламентарни избори за да може таа длабока држава да исчезне и да ја поразиме оваа длабока држава која ДУИ ја има направено во институциите“.

Поврзано

Трајковски излезе од трката за лидер на НСДП – Обвинува за фалсифкуван Конгрес

admin

Индексот на трошоците на живот скокнал за 12% за разлика од лани

admin

30 возачи низ Скопје возеле во алкохолизирана состојба

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com