Ден

Најголемата европска нуклеарна централа е во критична состојба, тврди Украина

Најголемата европска нуклеарна централа, лоцирана во окупираниот југоисточен украински регион Запорожје, се соочува со критичен недостиг на резервни делови, соопшти воената разузнавачка агенција на Украина.

Разузнавачи од Министерството за одбрана велат дека во фабриката се развила критична ситуација во смисла на обезбедување стабилна и безбедна работа. Резервни делови и потрошен материјал речиси и да нема.

Нуклеарката во Запорожје ја окупираа руски војници веднаш откако Русија ја почна инвазијата, но централата сè уште ја водат украински техничари. Со институцијата управува персонал со неделни ротации чии лични работи и телефони се одземени.

Поврзано

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протест пред владата

admin

Летонија ги забрани сите ТВ канали со седиште во Русија

admin

Двајца Македонци исчезнаа на Халкидики – ги повлекла струја кај „плажата која никогаш не е иста“

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com