Ден

Попладне дожд, за викендот многу топло

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност и умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за
изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, а УВ-индексот ќе биде 8.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град.

Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.

Во следните неколку дена минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20 степени, а максималната од 24 до 38 степени.

Поврзано

Условна казна за Вангеловски, за намерна исплата на помала плата на судијка

admin

Пронајдено мртво тело во Ново Село

Elena

Пред 79 години загина Кочо Рацин

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com