Ден

Приведен скопјанец, се сомничи за неовластено држење и тргување со оружје

Вчера полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија и Единица за интервентна полиција го лишиле од слобода З.Г.(58) во с.Орешани, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, односно „неовластено изработување, држење, продавање, набавување или вршење размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи“.
Имено, при претрес извршен со судска наредба во дом и помошни простории кај лицето, полициски службеници пронашле и одзеле една пушка и 15 парчиња муниција.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Поврзано

ЦУК предупредува: Можно е да паѓаат лимови од покриви во Центар

admin

Дизелот и бензинот ги изедначија цените – еве каква ќе биде состојбата по полноќ

Elena

И денеска нè очекува нестабилно врнежливо време

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com