Ден

Принудувале девојка со ментална попреченост да се проституира: Првоосомничени се мајката и сестрата

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупцијa нареди истражна постапка против шест лица, од кои едните се мајка и сестра на девојка со ментална попреченост која ја подведувале на проституција за пари.

Од декември 2021 година до месец април 2022 година мајката и сестрата на посебно чувствителната жртва, ја врбувале, злоупотребувајќи ја својата положба како најблиски роднини на жртвата врз која имаат контрола, како и нејзината ментална неспособност. Потоа ја предавале на прво и второ осомничените кои ја прифаќале и засолнувале во нивните домови заради сексуална експлоатација со нив и со други непознати лица.

Жртвата е пронајдена од страна на полициските службеници од МВР во домот на шестоосомничениот кој ја прифатил со цел сексуално да ја искористува за надомест од 5.000 денари, а исто така ја терал и да работи.

Обвинителството на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да биде определена мерка притвор за сите осомничени.

Поврзано

САД воведоа санкции против претседателот на БиХ и министерот за здравство на Република Српска

admin

Нов Закон за заштита на потрошувачите – Огромни казни за оние трговци кои во време на криза ќе работат нечесно

Elena

МВР со детали за трагичната сообраќајка на скопска Обиколница

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com