Ден

СЗО во Македонија работи на подготвеноста за здравствени вонредни ситуации

Експерти од Главната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) и од Балканскиот центар за вонредни состојби на СЗО спроведоа техничка мисија во Северна Македонија во периодот 31 мај – 2 јуни 2022 година, како дел од континуираната соработка со здраствените власти за зајакнување на системот за подготвеност и одговор на јавноздравствени вонредни состојби, вклучувајќи ја и контролата на Ковид-19.

Заедно со партнерите од редовите на епидемиолозите и професионалците во областа на јавното здравје од државата, експертите на СЗО работеа на поддршка на Министерството за здравство на доведување на националниот Центар за јавноздравствени вонредни состојби (ЦЈЗВС) до состојба на целосна функционалност низ целата територија на државата.

Центар за јавноздравствени вонредни состојби претставува централна локација каде се собира одговорниот кадар за координирање на оперативните информации и ресурси за стратегиско и тактичко справување со јавноздравствени настани и вонредни состојби. Ова тело овозможува делотворна мултисекторска комуникација и координација, кои се од решавачка важност со оглед на мултидисциплинарната природа на вонредните состојби.

– Ковид-19 ја нагласи потребата од делотворна мултисекторска координација и од силен систем за справување со вонредни состојби во рамките на Министерството за здравство. И покрај значајните напори вложени изминативе години, многу земји се соочија со големи предизвици во обезбедувањето добро координиран одговор на кризата. Мораме да се подготвиме за идните вонредни состојби така што ќе ги преиспитаме и зајакнеме нашите способности и структури, изјави д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Северна Македнија и в.д. шефица на Канцеларијата на СЗО во државата.

Како дел од мисијата, експертите на СЗО ги поддржаа локалните партнери во изготвувањето на Стандардни оперативни протоколи за ЦЈЗВС и во промоцијата на т.н. Оперативен план за здравствениот сектор кој се однесува на вонредни состојби за „сите опасности“. Локалните партнери исто така беа обучени за дејствување во вонредни состојби за време на работилницата која се одржа како дел од мисијата.

Она што беше сработено изминативе три дена за натамошно развивање и усовршување на процесите за справување со секакви здравствени закани особено ќе биде од корист кога Северна Македонија ќе се соочи со следната вонредна состојба. ЦЈЗВС сега е во многу подобра позиција да даде поддршка за национална координација и соработка за делотворен и ефикасен одговор на последиците по здравјето од каква било вонредна состојба.

Активностите беа поддржани од Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија.

Поврзано

Над 307 илјади станови во Македонија се ненаселени

admin

Приведени 3 лица за предизвикување на општа опасност, одредена мерка притвор

admin

Поради трка во Скопје, блокирани дел од главните улици

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com