Ден

Аферата „Хонорарци“ за Рашковски и Зекири полека се спрема, бројот на вработени во Антикорупциска го диктира темпото

Антикорупционерите ги подготвуваат иницијативите против екс генералните секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зекири, но и против градоначалниците на Чаир, Сарај, Брвеница и Петровец, како и за Државниот правобранител поспоро, поради дефицит на кадар.

Комисијата случајот го обелодени во средата, кога и најави дека иницијативите за одговорност ќе ги испрати пред надлежен орган, но бројот на вработени им го диктира темпото, велат извори на Ден.

За Рашковски и Зекири, обвинителството треба да одлучи дали има дело, „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за 600 договори, дел преку преку агенцијата за интелектуална сопственост Артпицк, дел преку агенција за привремени вработувања.

Двајцата веќе се на обвинителна клупа, Рашковски под сомнение за четири незаконски набавки и перење пари, а Зекири за договор за консултантски услуги во четири очи со новооформена фирма, тежок над 940 илјади евра.

И додека за двојката се бара да се отвори обвинение, во владата продолжува праксата. Четириесет и три лица се под авторски договр, а 12 преку агенција за привремени вработувања. За нив, месечно се трошат по 26.000 евра, а владата може да ангажира уште 20 преку агенција за интелектуална сопственост, затоа што од министерството за финансии побарале и добиле согласност за 63 лица.

Сликата не е различна ниту во другите институции. Најголемиот дел ангажираат лица со ваков тип на договори, а кои подоцна преминуваат во решение за работа, во преполнетата македонска администрација.

Поврзано

По подолго време поевтинуваат горивата

Elena

Битиќи „се налути“ за зголемените цени, компаниите набрзо ќе добијат одговор

Elena

Политико: ОН преку преговори со Русија сакаат да овозможат транспорт на украинското жито преку Црно Море

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com