Ден

Битолчанец во 5 утрово го пријавил пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“

Четириесет и деветгодишен граѓанин од Битола бил пријавителот дека гори пред влезната врата на „Ванчо Михајлов“, велат од МВР. Од таму посочуваат дека постапиле по пријавата, откако битолчанецот се јавил во противпожарната единица, утрово во 5 часот.

„На 04.06.2022 околу 05 часот Ѓ. Ѓ. (49) од Битола пријавил во СВР Битола дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот на Здружение на граѓани културен центар Иван Михајлов во Битола, лоциран на ул. Рузвелтова  по што веднаш пријавил и во Територијалната против пожарна единица Битола“, соопштуваат од таму.

Според МВР, битолските пожарникари го локализирале пожарот и веднаш повикале увидна екипа од СВР Битола, но и дежурен јавен обвинител од битолското обвинителство, кои извшриле увид и во моментов преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Во меѓувреме, државниот врв го осуди палењето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“. Премиерот вели, со палење и опожарување не се постигнува ништо.

„Го осудувам палењето на објектот на Центарот на бугарската заедница во Битола. Во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо. Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите“, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи пак, посочи дека пожарот е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина.

„Ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија“, изјави денеска Османи.

Според претседателот Стево Пендаровски, ваквиот чин е провокација.

„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, пишува Пендаровски на Фејсбук.

Поврзано

Од денеска повеќе сонце, а помалку дожд

Elena

Реализирана акцијата ,,За поубаво Пехчево”

Elena

(ВИДЕО ИНТЕРВЈУ) Грлиќ – Радман: Да се почне со преговори, прашањата да се решаваат паралелно

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com