Ден

Денеска топло, од утре дожд и грмежи

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

И во недела ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.

Поврзано

Фуере: Ставот на Вархеји за прифаќање на „бугарските грижи“ нема логика, тој треба да поднесе оставка

Elena

Лозово ќе помогне финансиски само на семејство во чиј дом падна дрво, штета досега никој не пријавил

admin

Приближување на ставовите со Бугарија има, решението сепак е далеку

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com