Ден

Мисовски избран за лидер на НСДП по тензичен конгрес

Горан Мисовски е избран за претседател на НСДП на 5. партиски конгрес што се оддржа во Скопје.

Како што соопшти НСДП на својот официјален фејсбук профил, од присутните 426 делегати, правото на глас го оствариле 314 од кои 308 гласале „за“, тројца „против“, а три ливчиња биле неважечки.

Претходно, Кристијан Трајковски ја повлече својата кандидатура за претседател на НСДП, не сакајќи да учествува во натамошната работа на овој, како што го нарече, нелегитимен конгрес.

-Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука што ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, соопшти Трајковски.

Тој пак, ја имаше поддршката од досегашниот лидер, Тито Петковски со кој дојде заедно, а кој вели, одредени членови од партијата извршиле упат во извршниот одбор. Кандидатурата на еден човек пак, ја смета за недемократска.

Петтиот конгрес на НСДП помина тензично, со довикувања и барања процедурални говори, негодувања, но и поддршка околу начинот на кој се вршела кандидатурата за нов претседател на партијата.

Мисовски му рече на Петковски дека ништо не е вечно и ниту еден лидер на партија не останал вечно на тронот, но дека почесното место секогаш ќе го има самиот Петковски.

Поврзано

Со 68 гласови ЗА, без против: Собранието ги усвои заклучоците за францускиот предлог

Elena

Во мај сме плаќале и до 10% поскапи цени во угостителството, споредено со лани

Elena

Архиепископ Стефан: Се надеваме за автокефалија како што добија и од кого добија сите послехалкидонски цркви

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com