Ден

Мицкоски побарал од Генчовска да се тргне ветото за Македонија

Денес претседателот на ВМРОДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски и членот на извршниот комитет и портпарол Марија Митева оствари средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

,,На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Мицкоски ја истакна загриженоста за европската интеграција на Македонија и побара да се отворат преговорите без условувања”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати договор кој е резултат на преговори во кој не учествува најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ и преговори кои се на штета на македонскиот народ и неговиот идентитет.

Според соопштението, тој и рекол на Генчовска дека оваа влада нема легитимитет да преговара и да ги нарушува македонските преговарачки позиции.

Мицкоски порачал Бугарија да го тргне ветото без одложување и пристапните преговори да започнат што поскоро низ призма на европските вредности и критериуми.

Поврзано

Познат македонски пејач го предизвикал пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“?

Elena

Блокада на влез и излез од Скопје кај Автокоманда – ССМ излезе на најавениот штрајк

Elena

Мицкоски: Владата го знаела францускиот предлог многу порано

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com