Ден

Опожарен клубот „Ванчо Михајлов”, обвинителите вршат увид

Културниот центар во Битола „Ванчо Михајлов” – Битола само што објави дека се опожарени нивните простории.

Во раните утрински часови беше опожарен објектот на Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Очекуваме институциите во нај брз можен рок целосно да го расветлат случајот и сторителите да ги извадат пред лицето на правдата!!, пишува во нивната објава на Фејсбук.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, утрово извршија увид на лице место на опожарен објект – центар за култура „Ванчо Михајлов“.

-Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење, се наведува во денешното соопштение од Јавното обвинителство.

Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш ќе издаде и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти.​

Министерството за надворешни работи најостро го осудува актот на намерно палење на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола.

–Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина, велат од МНР.

Според нив, ова кривично дело не случајно е извршено на денешен ден, кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Македонија.

Надлежните органи на државата прават напори за откривање на сторителот на овој вандалски чин, додаваат од МНР.

Поврзано

Шаќири: Трите регионални центри за стручно образование и обука прераснуваат во центри на ексклузивност за образување кадри

admin

Од денеска повеќе сонце, а помалку дожд

Elena

Без струја утре делови од неколку скопски општини

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com