Ден

Се сеќавате ли на виралниот фустан? Сега оваа комода го подели светот!

Пред неколку години, вистински хит на интернет беше виралниот фустан кој дел од нас го гледаа како комбинација на сина и црна боја, а другиот дел – бела и златна. Вакви оптички загатки има постојано, а некогаш мислењата се толку поделени што дури и предизвикуваат вистински конфликти.

За фустанот веќе знаеме дека на оригиналната слика беше син со црно, што го потврди и продавачот Roman Originals. Различните бои се резултат на индивидуалната перцепција за комбинациите на нијанси, но и на различни видови на дисплеи на нашите електронски уреди. Подоцна фустанот беше изработен и во бело-златна комбинација.

Но, нова загатка го мачи интернетот и е поврзана со оваа комода:

Овојпат интернетот е поделен меѓу комбинациите бела и розова, сина и сива, розова и сино-зелена, но и розова и сина. А постојат и различни толкувања и тоа:

Сина и сива

Креативна личност, позитивна, но понекогаш имате проблеми со самодовербата. Некогаш сакате да се дистанцирате од сите, за да ја обновите енергијата.

Розова и бела

Полни сте со сила и самодоверба. Обидете се да бидете смирени, бидејќи некогаш оставате впечаток како несериозна личност.

Розова и сино-зелена

Вие сте вистински лидер. Вашите пријатели постојано ве прашуваат за совети и се инспирираат од она што го правите. Одлично управувате со парите.

Розова и сина

Љубезна личност која никогаш не ги пропушта шансите и можностите. Многу сте независни. Не сакате да споделувате емоции, бидејќи мислите дека тоа ве прави ранливи.

Поврзано

Полска, Шпанија, Италија… Кој би организирал Евровизија ако Украина не може?

Elena

Што да направите ако ја „утнавте“ бојата на вашата коса?

Elena

Издаден огноотпорен примерок од контроверзната „Приказна на слугинката“

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com