Ден

Трајковски излезе од трката за лидер на НСДП – Обвинува за фалсифкуван Конгрес

Директорот на АДСДП и кандидат за лидер на НСДП, Кристијан Трајковски преку соопштение до медиумите обвинува дека на петтиот Конгрес на партијата пратеникот и негов противкандидат, Горан Мисовски продолжил со намерите да го одземе правото на слободен избор на делегатите на НСДП и дека спречил демократски натпревар за идеи за иднината на партијата.

„Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на Горан Мисовски. Видовме и како овие структури се служеа со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат“, вели Трајковски.

Тој обвинува и дека Конгресот бил киднапиран, но и дека изборот на лидер на НСДП е урнисан.

„На крај видовме како, извршителите на Горан Мисовски го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумаесет години. За жал, легитимитетот за изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и Мисовски и неговите приврзаници ги уништија сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП“, посочи Трајковски.

Тој ја повлекол кандидатурата, поради, како што посочува, фалсификуван Конгрес.

Поврзано

Откако добил пресуда за семејно насилство, скопјанец повторно ја давел и тепал жртвата

Elena

Северна Кореја тестира балистичка ракета

admin

Зеленски му испрати писмо на Пендаровски – еве што му порача

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com