Ден

Јотова: Палењето на „Ванчо Михајлов е провокација и дел од антибугарската кампања

Палењето на Центарот за култура „Иван Михаjлов“ во Битола е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања што започна веднаш по отворањето на клубот, напиша на Фејсбук потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јотова, на неговото отворање пред еден месец, на кое учествуваше бројна бугарска делегација, беше констатирано дека единствената функција е да ја зачува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во Северна Македонија.

-Само брзите активности на надлежните институции во најкус можен рок за откривање на сторителите ќе докажат дека кај нашиот западен сосед се почитуваат правата на Бугарите, како и на сите други националности, додаде потпретседателката на Бугарија во својата објава на Фејсбук.

Поврзано

Без вода дел од корисниците од скопската населба Бутел

Elena

На потег е Вселенската патријаршија: СПЦ и официјално ја призна МПЦ-ОА

admin

Пред 79 години загина Кочо Рацин

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com