Ден

Како да препознаете ментална и емоционална исцрпеност?

Денешното темпо на живеење слободно може да се поистовети со луда железница или со тобоган. Возбудливо е, но може да биде и навистина заморно.

Многу е разбирливо што не сакате ни пред себе да признаете дека сте уморни, но факт е дека во еден момент ќе треба да си дозволите еден подолг и поквалитетен одмор.

Ова се знаците по кои ќе ги препознаете емоционалната и менталната исцрпеност:

Сè ве иритира

Како што поминуваат деновите, така се чувствувате сè побезбадежно. Недостатокот на сила прави да се чувствувате немоќно и тоа уште повеќе ве иритира. Избегнувате социјализација, бидејќи тоа уште повеќе ве нервира.

Целосно сте демотивирани

Не наоѓате никаква мотивација ниту во секојдневнието, ниту во работата. Креативноста ви е на ниско ниво, а вложувате многу повеќе време за да завршите задачи кои претходно ви оделе од рака. Одморете, мотивацијата сама ќе се врати.

Чести панични напади

Поради исцрпеноста, стресот ви влијае многу поинтензивно од обично, а нападите на паника и анксиозност станаа ваше секојдневие.

Имате проблеми со спиењето

Иако сте премногу уморни, несоницата кај вас е секојдневна, до степен што мора да користите суплементи за побрзо заспивање, за колку-толку да одморите.

Имате вртоглавица и мачнини

Во даден момент, емоционалната исцрпеност манифестира и физички симптоми, како што се вртоглавицата и мачнините. Спречете пред да дојде до целосен ментален крах.

Ви се плаче

Сакате да се повлечете во својата соба и да се изнаплачете, сетилата ви се засилени и сте хиперсензитивни. А, најлошо од сè е што не ни можете да заплачете и тоа ве прави уште поуморни од сè.

Поврзано

Македонка причина за разделбата на Шакира и Пике?

Elena

Бријаторе позираше во прегратките на бившите девојки во Монте Карло

Elena

Мона Лиза доби торта – револтиран посетител ја „нападна“ Ѓоконда (ФОТО)

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com