Секој од нас живее со своите најголеми стравови и кошмари, но и со надежта дека тие нема да се остварат.
Но, тоа не значи дека не можеме да ги гледаме на малку позабавен начин, на пример од аспект на астрологијата.
Овен – голотија во јавност
Овните се плашат од тоа да бидат посрамени, па многу е веројатно дека и по неколкупати годишно го имаат кошмарот дека се разголуваат надвор од дома.
Бик – паѓање
Биковите сакаат да се чувствуваат безбедно и стабилно и ако тоа им е нарушено, ќе сонуваат како паѓаат во бездна или провалија.
Близнаци – прогонување
Близнаците се малку параноичен знак и секогаш мислат дека од некаде ги демне опасност. Затоа не е чудно што сонуваат дека се прогонувани.
Рак – смрт на сакана личност
Раковите ги сакаат своите блиски премногу, па за нив најлошиот кошмар е смртта на личност која им значи.
Лав – паѓање на забите
Лавот знае дека неговата моќ е во блескавата насмевка, а паѓањето на забите во сонот симболизира немоќ и несигурност.
Девица – доцнење
Девиците секогаш го осудуваат доцнењето и за нив најголем кошмар би бил да им се случи да доцнат тие самите.
Вага – напуштање
Вагите имаат проблеми со напуштањето и заминувањето. Затоа и често сонуваат дека некој ги изневерува и напушта.
Скорпија – опседнатост
Скорпиите се плашат од паранормалното и од духови, сенки и демони. Затоа и во нивните кошмари токму паранормалното зазема најголем дел.
Стрелец – затвор
Стрелците често имаат кошмари дека се заглавени во визба, шпајз, автомобил или во некоја кутија и дека не можат да се извлечат оттаму.
Јарец – паѓање на важен тест
Иако веќе одамна не се во школски години, голем број Јарци се сеќаваат на стравот од паѓање на тест или испит и тоа ги прогонува дури и во соништата.
Водолија – невидливост
Ако нешто мразат, тоа е изолираност и игнорирање. Водолиите сакаат да бидат видени и затоа невидливоста е нивниот најголем кошмар.
Риби – давење
На Рибите често им е премногу од она во реалниот живот, па затоа и кога ќе заспијат, сонуваат како се дават или во вода или во своите реални проблеми.