Ден

Поради трка во Скопје, блокирани дел од главните улици

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради одржување на ревијалната трка „Вози право, вози здраво“.

Трката ќе се одржи од 18 до 20 часот, со старт од Порта Македонија, десно долж улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Даме Груев“, право по булеварот „ВМРО“ до крстосница со булеварот „Илинден“, лево по булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Наум Наумовски Борче“ – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев.

Од тие причини, како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Поврзано

Песков: Оптимисти сме за руската позиција во Украина

admin

Пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети при претрес во Идризово

Elena

Пуч против Путин – Поголема реалност од недела во недела

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com