Ден

Претпладне топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе
достигне од 30 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Следната недела, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер од над 70 километри на час и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.

Поврзано

Зеленски: Русија е побројна во Северодоњецк, но можеме да возвратиме

admin

ВМРО-ДПМНЕ и натаму со блокада на Собранието, Милошовски вели дека предвидувањата се загрижувачки

admin

Некој истурил цело тенџере шпагети преку тераса во зграда на „Рузвелтова“

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com