Ден

Утрово за влез во Грција се чека по половина час

На граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 20 – 30 минути, соопшти утрово АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзано

Пред 79 години загина Кочо Рацин

Elena

Билатерален спор во преговарачка рамка: Ќе се решава на релација Скопје – Софија или со ЕУ?

admin

Во мај сме плаќале и до 10% поскапи цени во угостителството, споредено со лани

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com