Вчера во 19.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари од полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари бил приведен 16 годишник од Скопје поради тоа што физички ја нападнал неговата 16-годишна вонбрачна партнерка.
Од Министерството за внатрешни работи во соопштение велат дека по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.