Ден

Ахмети до Генчовска: Решение без да се загрози националниот и јазичниот идентитет

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска.

Ахмети и Генчовска разговараа за спорот меѓу Македонија и Бугарија, како и за решение кое ќе и даде зелено светло на нашата земја за почеток на преговорите со Европската Унија и одржување на првата меѓувладина конференција, додека земјата веќе ги има исполнето сите неопходни услови.

Лидерот на ДУИ Ахмети на средбата изјави дека секое одложување на решавањето на спорот меѓу Скопје и официјална Софија оди на штета на бугарската заедница во земјава.Претседателот Ахмети ги покани бугарските власти да ја зголемат меѓусебната доверба и да работат заедно за позитивен епилог на билатералниот спор преку стеснување на просторот за дејствување на агенди во земјата и регионот кои не се совпаѓаат со нашите западни определби.

„Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секако без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на нашите сограѓани. Решавањето на спорот меѓу двете земји придонесува за мир, безбедност и стабилност во целиот регион. Граѓаните веќе очекуваат позитивни резултати за изнаоѓање заеднички јазик во решавањето на спорот меѓу двете земји бидејќи Европа не е во целосен мир без Западен Балкан“, и рекол Ахмети на Генчовска.

Според соопштението на ДУИ, двајцата на средбата истакнле дека е неопходно да се интензивираат трговската и културната размена меѓу нашите две земји за подобрување на благосостојбата на граѓаните и подоброто меѓусебно познавање.

Поврзано

Грција бара од ЕУ веднаш да почнат пристапните преговори со Македонија

admin

Лавров: Јасно ви е колку ги чини Црна Гора и Македонија членството во НАТО

admin

Уставните судии ја одбија иницијативата на Зендели на Левица

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com