Ден

Бугарскиот селектор поднесе оставка

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Јасен Петров, поднесе оставка на должноста ден по високиот пораз на домашен терен од Грузија (2-5) во второто коло од групата 4 во Ц-дивизијата во Лигата на нации.

Претходно минатата недела Бугарија во првото коло, исто така, на домашен терен одигра нерешено против македонската репрезентација (1-1) и е претпоследна во групата пред гостувањето во Гибралтар в четврток.

– Мојот морал не ми налага ништо друг освен оставка. Преземам целосна одговорност, изјави Петров, кој седеше на селекторското столче од јануари лани.

До назначување нов селектор репрезентативното кормило ќе го преземе техничкиот директор Георги Иванов.

Поврзано

Се користат A, B, C, D и F, но дали знаете зошто не се користи буквата Е како оценка?

Elena

Неколку причини за поголемо уживање во вкусот на кајсиите

Elena

Се сеќавате ли на виралниот фустан? Сега оваа комода го подели светот!

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com