Ден

Во Украина досега загинале 32 локални новинари

Украинскиот министер за култура и информативна политика, Александар Ткаченко, истакна дека 32 украински новинари ги загубиле животите во војната што ја почна Русија на 24 февруари, пренесува агенцијата Анадолија.

Ткаченко по повод Денот на новинарите што се одбележува во Украина, истакна дека оваа година Денот на новинарите има „горчлив вкус“ и оти 32 украински новинари досега ги загубиле животите во руската инвазија врз земјата.

– До сите новинари кои денес работат 24/7 – вие сте херои. Ние сме во хибридна војна, прва од ваков вид во историјата на светот, а вашата улога денес е непроценлива. Како и вашата одговорност, посветеност, упорност и храброст, нагласи тој.

Ткаченко подвлече дека новинарите на различни медиумски групи кои моментално работат на „обединетиот фронт на единствениот маратон за вести, меѓу другото, ја покажаа својата способност за преговарање, соработка и на тој начин пред сè ја ставија единствената главна цел – нашата победа“.

– Нашиот информативен фронт е силен поради сите вас, рече украинскиот министер.

Поврзано

Ќучук: Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ

Elena

Заедничка литургија без договор за автокефалност

admin

Промени во возниот ред на ЈСП за сабота: Од понеделник се вози по летен распоред

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com