Ден

Гласачите во Казахстан на референдум поддржаа уставни измени за отфрлување на наследството на Нурсултан Назарбаев

Околу 77 отсто од гласачите во Казахстан ги поддржаа уставните промени предложени на референдумот, за кои се верува дека се обид да се отфрли наследството на поранешниот моќник Нурсултан Назарбаев, кој владееше со поранешната советска република три децении, пренесува Бета.

Според првичните резултати, објавени од  Централната изборна комисија, нешто помалку од 19 отсто од граѓаните гласале против, додека околу 2,6 отсто од гласачките ливчиња биле прогласени за неважечки од 68 отсто од граѓаните кои излегле на референдумот.

Гласањето беше свикано од казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, кој постојано ја зајакнува својата влада по насилните демонстрации во јануари во кои загинаа повеќе од 230 луѓе.

Денешниот референдум опфати конкретни прашања за модификации, како забрана за смртна казна и забрана на некои функционери да се приклучуваат на политичките партии. Но, најмногу се работеше за мерење на поддршката за целокупната програма на Токаев, оценуваат западни аналитичари.

Поврзано

Невремето и неодржувањето причина за паѓањето на таванот, смета Јакимовски

Elena

МНР: Лавров не може да лета над Македонија

admin

Посебен режим на сообраќај во Скопје за време на Парадата на гордоста

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com