Ден

Министерскиот совет на БиХ одобри дел од парите за изборите, недостасуваат уште 1,5 милиони евра

Советот на министри на БиХ денеска усвои одлука за префрлање на 9,7 милиони конвертибилни марки (околу 4,9 милиони евра) од буџетот на Регулаторната агенција за комуникации на БиХ (РАК) на Централните изборна комисија на БиХ (ЦИК) заради спроведување на општите избори закажани за 2 октомври.

Претходно, министерот за финансии на БиХ, Вјекослав Баванда, од редовите на ХДЗ БиХ, на Колегиумот на Советот на министри, уште еднаш го одби барањето на ЦИК за доделување пари за финансирање на изборите, а потоа предложи дел од парите за изборите да бидат позајмени од РАК.

Министрите донесоа одлука за „одобрување на времено користење на дел од средствата од лиценците за користење на радиофреквенциски спектар за давање услуги преку мобилни претплатни системи“.

Одобрените пари, сепак, не се доволни, со оглед на тоа што ЦИК на БиХ побара 12,5 милиони (околу 6,4 милиони евра), колку што им се потребни за спроведување и подготовка на изборите, па останува прашањето како ЦИК ќе обезбеди уште 1,5 милиони евра.

Поврзано

СДСМ Кратово поднесе барање за надомест на штета на угостителските објекти кои треба да ги отстранат платформите

admin

Вучиќ: Во Брисел имаше добра дискусија, но без резултати за Западен Балкан

admin

Град Скопје го објави повикот: Еве како можете да аплицирате за субвенција за инвертер

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com