Ден

МНР: Лавров не може да лета над Македонија

Министерството за надворешни работи го одби барањето на Руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација, соопшти денеска МНР во врска со одлуката да не се дозволи прелет преку нашиот воздушен простор на авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров требаше да отпатува во посета на Србија.

Одлуки за забрана на прелет на авионот на Лавров преку нивните воздушни простори донесоа и Бугарија и Црна Гора, поради што посетата на рускиот министер за надворешни работи на Белград, предвидена за денеска и утре, беше откажана.

Според најавите, Лавров за време на дводневниот престој во Белград требаше да се сретне со српскиот претседател Алесандар Вучиќ, министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, спикерот на Собранието Ивица Дачиќ и поглаварот на СПЦ, патријархот Порфириј.

Во врска со забраната се огласи руското МНР, кое оцени дека со ова се затвора уште еден канал за комуникација.

„Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија комуникацискиот канал, не дозволувајќи да прелета авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше да ја посети Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Државите членки на Европската Унија и на НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден комуникациски канал, изјави вчера портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, додавајќи дека „Москва не е таа што создава нова железна завеса, туку Европа е таа што ја оградува Русија“.

Поврзано

Келнерка од Битола точела алкохол на малолетни гости

Elena

Познати причините за давењето на момчето во Црна Гора

Elena

Луѓе гинат и настрадуваат по скопските улици: Каде исчезна сообраќајната култура?

Elena
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com