Ден

Околу седум амбасадори чекаат да поминат во собраниската Комисија, прв пат ќе се пополни целата дипломатска мрежа

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи прашан дали има поврзаност стратешкиот дијалог со САД, со очекувањата за ново вето во однос на интеграциите во ЕУ, исткана дека поврзаност од таков конспиративен аспект нема. Едноставно, како што рече, се созреаја условите, 15 години одлично стратешко партнерство меѓу двете држави, 30 години дипломатски односи, две години сојузници во НАТО, созреаја условите  да се издигне на уште повисоко ниво.

Целта на стратешкиот дијалог со САД, одличната богата соработка, подвлече, е да се врами во една платформа во која секоја година точно ќе се прецизира што ни е важно оваа година и ќе се фокусираме на тие прашања.

– Милијарда долари пари на американски даночни обврзници се влеани за зајакнување на нашите институции, за зајакнување на нашата демократија, на слободата на медиумите. Сите тие проекти, сета таа политичка од безбедносна економска соработка да се врамни во една платформа на стратешки дијалог во којшто секоја година точно ќе приотизираме што ни е важно оваа година, ќе се фокусираме на тие прашања, изјави Османи.

Фактот што ние сме први од Западен Балкан кои почнуваат со стратешки дијалог, според Османи, е најголемото признание што САД го даваат прво на нашето партнерство, меѓутоа и на постигнувањата што ги имаме како држава и како општество.

Османи информира дека веќе има владина одлука за амбасадор на Северна Македонија во САД и очекува потврда во брзо време. Најави дека околу седум амбасадори веќе чекаат за да поминат во собраниската Комисија за надворешна политика и тука, како што рече, веќе сме кон завршување можеби првпат на пополнување на целата дипломатска мрежа.

Поврзано

Приведено лицето кое го нарачало пакетот месо со скриен кокаин

Elena

Условна казна за Вангеловски, за намерна исплата на помала плата на судијка

admin

Макрон до Ковачевски и Радев: Во Париз да се склучи билатерален договор

admin
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com